Ллидерот нја СДСМ Зоран Заев денеска изрази очекување дека Ѓорги Иванов во рок од 10 дена ќе го даде мандатот за состав на нова влада.

„Логично е некаде до средината на следната седмица да биде истекувањето на десетте дена,а пред тоа да биде даден мандатот. Јас се обидувам преку мојот кабинет и кабинетот на господинот Иванов час побрзо да го услогласам текстот на изјавата кој ќе има за цел да се даде мандатот. Нема да има за цел да предизвика антагонизам или нови причини и пречки да не се даде мандатот. Веднаш штом ќе биде усогласена меѓу нашите два кабинети, таа изјава за гаранција на унитарноста, територијалниот интегритет, уставноста, евро-интеграциите, Охридскиот договор, сето она што е важно, што во континуитет го кажуваме ние, политичките партии, а му е важно на Иванов, да му биде дадено како гаранција веднаш штом го усогласиме и веднаш ќе побарам јавна средба. Имам намера тоа, покрај кај господинот Иванов, да го објавам и до вас медиумите за ден поскоро да биде даден мандатот, бидејќи логично, ако не ни требаат 20 дена, ќе ни требаат неколку денови во текот на преговори, да ја формираме Влада, со конечна цел, до крајот на овој месец Македонија да има нова реформска Влада. – истакна Заев.

OhridNews