ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Дејан Војвода“, информираат од претпријатието.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 56 м, додаваат.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од локалната самоуправа на Општина Охрид.
OhridNews












