Околу 150 цвеќиња и 30 декоративни садници се засадени на новоуредениот хортикултурен простор кој се наоѓа во Урбаната заедница „Горна влашка маала“, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на чинарот.

Активностите за уредување на овој простор ЈП „Охридски Комуналец“ ги спроведува во согласност со утврдената динамика на општина Охрид, за создавање 40 нови зелени површини во градот.

OhridNews