Ѓоковиќ за прв пат во својата кариера триумфираше на “Олд Ингланд “ , а за него победата беше остварување на сонот.
– Сонот е остварен, тешко е да се објасни ова што го чувстваувам во моментов, Вимблдон е првиот турнир кој го гледав на телевизија како дете. Ви благодарам на сите кои дојдовете денес и го направивте овој ден специјален за мене. Кога играте против Надал, мора да одиграте најдобро што знаете, и морам да му заблагодарам на Надал за одличниот натпревар. Среќен сум што мојата фамилија се тука за да ги поделат со мене овие моменти – рече Ѓоковиќ.
На најновата АТП листа која треба да излезе во понеделник Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот светски рекет број еден.