Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од трибините во „Пионир“ го проследи градското дерби меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда во регионалната АБА лига.


По пристигнувањето на Ѓоковиќ, кој е верен фан на „црвено белите“ во салата ултрасите на Партизан го пречекаа со песна и свирежи, а на тоа тенисерот одговори со насмевка.

– Сите знаат дека навивам за Ѕвезда, но не го мразам Партизан. За нив навивам во секој натпревар кога за противник ја немаат Ѕвезда. Како мал бев дел од тенискиот клуб на Партизан и затоа немам никако проблем со клубот. – рече Ѓокович.

Популарниот „Ноле“ кошаркарското дерби го следеше со колегата од репрезентација Виктор Троицки, кој пак е страстен навивач на „црно белите“.

Оhridnews