Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена успешно го пребродија коронавирусот и нивните последни тестови се негативни.

Новак и Јелена со вирусот Ковид -19 се заразија на тенискиот турнир „Адриа Куп“ кој го организираше српскиот тенисер и кој предизвика лавина реакции во спортската јавност. Покрај двојката позитивни на коронавирусот беа бугарскиот тенисер Григор Димитров и негов член од стручниот штаб, едно лице од стручниот штаб на Ѓоковиќ, тенисерите Чориќ и Троицки.

После надминувањето на коронавирусот, Ѓоковиќ треба да го соопшти планот за тениската сезона и дали ќе настапи на американскиот грен слем турнир УС Опен.

OhridNews