Германскиот репрезетантивец Тер Штеген беше преставен на Ноу Камп како ново засилување за каталонците.

22-годишниот чувар на мрежата потпиша петгодишен договор со Барселона и на голот треба да го замени досегашниот број еден Виктор Валдес, кој кариерата ќе ја продолжи во Монако.

Штеген не е дел од германската репрезентација која ќе патува на Мундијалот иако веќе собра пет настапи за „панцирите“.

Мх.П.