Новата 2018 година донесе неколку новититет и промени во Формула 1 циркузот. Финалните подготовки не се започнати, но Ф1 тимовите полека се екипираат и коваат планови за новата сезона. Титулата ќе ја брани Луис Хамилтон.

Кјат во Ферари

Екс возачот на Ред Бул веќе е во Маранело.

Данил Кјат минатата сезона остана без ангажман пред ГН на УСА во Торо Росо, како последица на одлуката на водечките луѓе во Ред Бул. Иначе  русинот е под покровителство на Ред Бул , од кога во 2014 година од тимот на Феанце беше унапреден во Ред Бул. Но како што кариерата на Макс Верстапен одеше во нагорна линија така на русинот паѓаше па беше прекомандуван  во Торо Росо.

Следната негова дестинација е Маранело покрај Себастијан и Кими како развоен возач на тимот.

Кими без тркачки инженер

Давид Гринвуд го напушти Ферари и работно  место тркачки инженер на Кими Раиконен.

Британецот во италијанската скудерија беше од 2015 година, а при напуштањето рече дека тоа е заради лични причини.

Италијаните сеуште не го имаат објавено името не неговиот наследник но ќе мора брзо да одлучат од причина што на  крајот на фебруари започнуваат првите тестови. А пак од друга страна италијанските медиуми шпекулираат дека Давид ќе ја прифати понудата на Манор  кој сега се натпреварува во WEC првенството кое влезе во највисоката LPM1 класа.

Мерцедес со нов дизајн на погонска единица

Од воведувањето на V6 агрегатите Мерцедес е непобедлив во Формула 1 и освои четири конструкторски и четири возачки титули. Само последната сезона возачите на Мерцедес имаа конкуренција во Себастијан Фетел кој ги натера да ги “цедат“ болидите и до крај  да ги влечат своите перформанси.

Затоа одделението од Бриксфорт, се реши да направи мотор со нов дизајн, а “виновникот“ за ваквите мотори Енди Ковел изјави:

“Добивме идеја како да го смалиме губењето на сила скоро кај секоја област на погонската единица. Идеите доаѓаат од културата на учење на секој предходен модел или дизајн. Бидејќи моторот е скоро совршен неможиме да очекувам да напредуваме само на една компонента, туку намалувањето на губење на сила на повеќе делови и компоненти ќе донесе уште подобар мотор. Ќе се обидиме со откривање на нови материјали на деловите, нов начин на склоп на единицата нормално  сето тоа во рамките на техничките правила на FIA“.

OhridNews