
Фотосесијата се снимаше на плажа во Малибу. Бразилката ја снимаше најпознатиот фотограф Марио Тестино, кој до сега има работено со Мадона, Анџелина Џоли, Деми Мур, па дури и со принцезата Дијана. Жизел на снимањето дојде од одморот кој го помина во друштво на нејзиниот дечко, играч на американски фудбал, Том Бреди. Познатиот пар престојуваше во Костарика, Париз и Ибица, каде Жизел наскоро ќе ја снима новата кампања за очила за сонце на Вог. Прекрасната бразилка е најплатен супермодел, а само изминатата година заработи вртоглави 16 милиони фунти. До сега има заработено околу 75 милиони фунти, а нејзиното лице се има појавено на плакатите од околу 20 светски брендови.

 
					



 
							







 
					