Центар за култура „Григор Прличев“

2021-06-19 20:00 - 2021-06-19 21:30

На 19 јуни, сабота, во Големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, во 20 часот, Народниот Театар Охрид, ќе ја изведе првата реприза на новата претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

„Крик за љубов“ е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Притоа се навлегува во суштината на феноменот наречен ТЕАТАР, т.е. колку театарот е живот, а колку, пак, животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и преливаат еден во друг. На крај, се разбира, доаѓаме до чудотворното дејство на театарот врз реалниот живот. вели режисерот  Љупчо Ѓоргиевски 

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Настанот се одржува согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

OhridNews