Со работно време од 24 часа во текот на целата седмица, на задоволство на охриѓани, деновиве почна со работа новата продавница Tobacco Shop 24/7.

По Струга и жителите на Охрид имаат можност да купуваат од широкиот асортиман на продавницата во текот на целиот ден. Чоколади, освежителни и алкохолни пијалоци, цигари, козметички производи, се само дел од понудата на Tobacco Shop 24/7.

Продавницата се наоѓа на улица Питу Гули бр. 130, на потегот помеѓу основното училиште „Христо Узунов“ и црквата Св.Ѓорѓија.

Од менаџментот на Tobacco Shop за наредниот период најавуваат  зголемување на своите продажни места.

OhridNews