Новите 400 kV интерконекции Штип-Ниш и Битола – Елбасан, новата 400/110 kV трансформаторска станица кај Охрид, инвестициските проекти на МЕПСО вредни над 50 милиони евра, се интегрирани во Десетгодишниот план за развој на преносната мрежа на европскиот континент TYNDPТ 2012 одобрен од Европската асоцијација на преносни систем оператори (ЕНТСО-Е).

Најзначајните приоритети на МЕПСО се дел од европскиот „мега план“ TYNDP 2012 во кој се опфатени повеќе од 100 проекти вредни 104 милијарди евра наменти за ревитализација, надградба, модернизација или изградба на 51.500 километри далекуводи ширум европскиот континент.

Ова во текот на вчерашниот ден, го презентираа експертите на МЕПСО на конференцијата за предизвиците на преносната мрежа во Југоисточна Европа на советувањето на Здружението на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК), со „Стопанска комора на Македонија“, денеска со Скопје.

МЕПСО е рамноправен член на европското семејство на преносни систем-оператори. Вложуваме во регионално важни проекти: 400 киловолтните далекуводи Штип-Ниш, Битола – Елбасан и во нова 400/110 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Ќе градиме 165 километри далноводи и нова трансформаторска станица инвестиции со вредност поголема од 50 милиони евра. Паралелно работиме и на проекти од национален интерес од кои позначајни се ревитализација и надградба на десетина трансформаторски станици, набавка на нов СКАДА систем и набавка на нов енергетски 400/110 киловолтен трансформатор.“ – истакна Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО А.Д.

Изградба на овие далекуводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на преносната мрежа во источна, во централна Македонија и во Полог се дел од 18 приоритетни проекти на МЕПСО кои произлегоа од Студија за развој на преносната мрежа во периодот 2010 – 2020 година, која експерти ја изработија во соработка надворешни консултанти и екперти за планирање, надградба и развој на преносни мрежи.

Студијата е стратешки документ, а воедно е и инвестициско-оперативен план со конкретни рокови и суми изработен за да се задоволат сите потреби за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија до 2020 година.

Сите овие европски проекти, кои се над 100 на број,  ја покажуваат важноста и посветеноста на преносните систем оператори во поддршката на фундаменталните европски енергетски начела: интеграција на пазарот на електрична енергија, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување на сигурност на напојувањето.

OhridNews