Министерството за финансии реагира на Одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минималните трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги.

Согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основ за донесување на оваа одлука, информира Министерството за финансии.

Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на Законот, со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги одреди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги.

Спорната Одлука Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, ја донесе на седницата на Собранието на Институтот одржана на 19.5.2017 година со која сметководствените услуги се зголемуваат речиси тројно, што претставува силен удар за компаниите.

OhridNews