СДСМ и БЕСА не постигнаа договор за коалицирање во идната влада. Причина за ова било неприфаќањето на СДСМ на барањата на БЕСА за редефинирање на државата и други принципи наметнати од оваа партија на Албанците.

„Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор.

Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја.“- информираше СДСМ.

OhridNews