Видео спотовите од најновата владина кампања ,,Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме “ ќе има контра ефект врз туризмот, сметаат охриѓани , според последната анкета на OhridNews.
Инаку новата рекламна кампања на Владата, неодамна наиде на остри реакции и кај охридската локална самоуправа. Градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, на прес конференција за медиумите рече дека протестира и енергично се спротиставува на најновата кампања поврзана со туризмот и побара итно повлекување на видео спотовите во кои според него се исмејуваат туристичките работници и македонските граѓани.