FIA е веќе при крај со новиот концепт за заштита на возачите во кокпитот.После подолгата дебата се одлучи да се прекине со развојот на HALO системот и се покрена нова постапка за развивање на концепт кој би требал да “дебитира“ на тренинзите во Монца и Сингапур.
Новиот систем на заштита
Според пишувањето на странските медиуми новата заштита ќе биде некој вид “штит“ пред возачката кабина кој ќе овозможи подобра видливост и полесно излегување на возачот од седиштето во случај на несреќа.
Халло системот на заштита
“Она што јас знам e дека првата верзија ќе ја тестираме уште во Монца. Од естетска гледна точка новиот систем изгледа подобро од HALO заштитата. Во поглед на ефикасноста не е баш така добар како претходниот но секако со тестирање и тоа ќе се доведе до задоволувачка граница“ – прв се јави со свој коментар мексиканецот Серхио Перез.
OhridNews