Екипите на Вердер и Хановер, во петок, ќе го одиграат првиот натпревар од 20-то коло, во германската Бундес лига.

Двата тима, оваа сезона, играат ефикасно и во многу променлива форма, па
било каква прогноза околу конечниот исход  е неблагодарна.

Оваа натпреварувачка рунда носи две дерби средби – лидерот во
шампионатот Баерн Минхен, ќе гостува во Мајнц, екипа која е
најпријатното изненадување во досегашниот дел од првенството.

Николче Новески, кој во минатото коло го одигра 200-от бундеслигашки
натпревар ќе го предводи својот тим и на оваа средба. Македонскиот
репрезентативец, во меѓувреме и го продолжи договорот со Мајнц, тој во
овој тим ќе остане до летото 2014 година.

Актуелниот првак Борусија Дортмунд, одлично стартуваше во пролетниот дел
од сезоната, ’милионерите’, во ова коло ќе гостуваат кај директниот
конкурент за второто место, Баер Леверкузен.

Двојки : Вердер-Хановаер, Шалке-Гројтер Фирт, Волфсбург-Аугзбург, Хофенхај-Фрајбург, Мајнц-Баерн Минхен, Фортуба Дизелдорф-Штутгарт, Хамбург-Ајнтрахт Франкфурт, Нинберг-Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен-Борусија Дортмунд

Табела: Баерн 48, Баер Л. 37, Борусија Д. 36, Ајнтрахт 33, Мајнц 30, Шалке 29..

“Макфакс“