Тешка задача ќе има Николче Новески и неговите соиграчи од Мајнц, во 14-то бундеслигашко коло, оваа екипа ќе гостува во Франкфурт кај Ајнтрахт.

Тимот од Франкфурт е најпријатното изненадување ова сезона, по 13 првенствени рунди заедно со Шалке и Баер Леверкузен се наоѓа на делба на третата позиција на табелата, веднаш зад фаворитите Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

За дерби на колото може да се смета пресметката помеѓу Хамбургер и Шалке, како и натпреварот Вердер-Баер Леверкузен. Лидерот Баерн ќе гостува кај Фрајбург, екипа која е непоразена на последните четири средби, додека Борусија ќе ја пречека Фортуна.

Двојки :

Вторник

Борусија Дортмунд-Фортуна

Хановер-Гројтер Фирт

Хамбургер-Шалке

Ајнтрахт-Мајнц

Среда

Борусија Менхенгладбагх-Волфсбург

Штутгарт-Аугзбург

Вердер-Баер Леверкузен

Фрајбург-Баерн Минхен

Нинберг-Хофенхајм

Табела: Баерн 34, Дортмунд 25, Шалке, Ајнтрахт, Баер 24, Фрајбург 19..

“Макфакс“