Македонскиот репрезентативец Николче Новески и тимот на Мајнц претрпеа минимален пораз 1-0 на гостувањето кај Хамбургер. Стрелец на голот за “белите“ беше Кон во вториот дел.


По дванаесет одиграни натпревари Мајнц со 17 бодови е на седмата позиција на табелата. Неприкосновен лидер во Бундес Лигата е Баерн Минхен со десет победи, едно реми и еден пораз.


Резултати : Хамбургер – Мајнц 1-0, Нирнберг – Баерн Минхен 1-1, Дортмунд – Гројтер 3-1, Ајнтрахт Франкфурт – Аугзбург 4-2, Хановер – Фрајбург 1-2, Менхенгладбах – Штудгарт 1-2.

Мх.П.