Ова коло се очекува голем интерес да привлече и локалното дерби помеѓу Гројтер Фирт и Нинберг, кое за прв пат се игра во првата Бундес лига. Гројтер Фирт во натпреварот со месниот ривал влегува по девет меча без победа. Интересен дуел се очекува и во Минхен, каде лидерот Баерн ќе го пречека Хановер.
Македонскиот репрезентативец, Николче Новески, со Мајнц ќе го пречека актуелниот шампион Борусија Дортмунд. Kолото, во петок, ќе го отворат, Фортуна, екипа која седум кола нема победа и Хамбургер.
Двојки : Баерн-Хановер, Гројтер Фирт-Нинберг, Мајнц-Борусија Дортмунд, Шалке-Ајнтрахт, Волфсбург-Вердер, Фрајбург-Штутгарт, Аугзбург-Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм-Баер Леверкузен.
Табела: Баерн 31, Шалке 23, Ајнтрахт 23, Дортмунд 22, Баер 21..