Баер Леверкузен ќе го пречека Баерн Минхен во дерби натпреварот од 24-то коло во Бундес лигата.  Баерн не се откажува од трката за шампионската титула, додека домаќинот не се откажува од можноста да стигне до местото кое води во квалификациите во Лигата на шампиони.

Актуелниот првак и лидер на табелата Борусија Дортмунд, на домашен терен ќе го пречека Мајнц на македонскиот репрезентативец Николче Новевски. Нинберг, кој веќе три кола не знае за пораз ќе ја пречека третопласираната Борусија Менхенгладбах.

Шалке, кој е поразен на две од последните три средби, можност за рехабилитација ќе има против „фенерџијата“ Фрајбург.

Сабота, 3.март: Херта-Вердер, Кајзерслаутерн-Волфсбург, Фрајбург-Шалке, Хановер-Аугсбург, Баер Леверкузен-Баерн Минхен, Хамбургер-Штутгарт, Борусија Дортмунд-Мајнц

Недела, 4. март: Нинберг-Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм-Келн

Табела: Борусија (Д) 52, Баерн 48, Борусија (М) 47, Шалке 44, Баер 37, Вердер 36…

“макфакс“
Ohridnews