Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во новиот циклус. До триумфот не стигнавме со брилијантна игра, но во ваквите натпревари најважни се бодовите кои завршуваат на нашето конто.

– Успеавме да го издржиме притисокот од овај натпревар, бидејќи моравме да го добиеме, а најтешко е кога нешто се мора. Најважно е што победивме, навреме ги постигнавме головите по кои домаќините се предадоа. Победата над Андора ни ја врати самодовербата во пресрет на мечот Русија – изјави Николче Новески.

Македонската експедиција попладнево треба да пристигне во Скопје, каде ќе се подготвува за мечот со фаворизираната Русија во вторник.

Ohridnews