Столбот на македонската одбрана Николче Новески во средата имаше три причини за радост. Македонската селекција успеа да ја совлада Данска 3-0, а тој успеа да ја затресе мрежата на Шмајхел, а третата е што претходно успешно го положи тестот за тренер со “Б“ лиценца.
Ако битолчанецот се справува со сите играчи како фудбалер, пред него престои блескава тренерска кариера, но тоа ќе почека бидејќи пред недела дена тој стави потпис на новиот договор со бундеслигашот Мајнц.
Лиценцата за тренер на Новески му ја додели Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиовски во пресрет на дуелот со Данска на “Филип Втори“.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com