Македонската фудбалска репрезентација со мечот на 8. септември во Ла Валета против Андроа ги продолжува квалификациите за ЕП 2012 година во Полска и Украина. Македонската експедиција пристинка во Андора, каде и го одржа првиот тренинг.
Играч кој е во фокусот со своите игри во дресот на Мајнц, најпријатното изненадување и лидер во германската бундес лига, сигурно е Николче Новески кој е столб на репрезентативната одбрана и веќе има искуство во дуелите со Андора.
Новески кој постигнал два гола за Македонија, токму против Андора го постигнал дебитантскиот погодок во црвено-жолтиот дрес.
“Ова е втор пат како ќе играм во Андора. Во ситуацијата во која се наоѓаме сега со еден бод од две средби најважно е да се победи. Забележувам дека и покрај се што ни се случи во дуелите со Словачка и Ерменија атмосферата е нормална. Противникот сигурно е цврст, тврда екипа која знае добро да се брани, го покажаа тоа и против другите репрезентации кои имаа многу проблеми со нив. Очекувам со стрплива игра како на последното гостување кога лесно ги победивме да дојдеме до целта. На ваков натпревар најважно е да се игра концентрирано и што порано да се постигнат голови. Иако во чекор следува и натпреварот со Русија сега сме сконцентрирани на Андора. Победа ќе биде мотив повеќе и причина за добра атмосфера и добар настап против Русија“ изјави Новески за официјалната веб страна на ФФМ.
Македонија досега во дуелите со Андора оствари 2 победи, еден пораз и еден нерешен резултат.
ГРК Охрид и Борис Ројевиќ ја продолжуваат успешната приказна Клубот го продолжи договорот со српскиот стратег за уште една година, со што Ројевиќ ќе остане на клупата на „гладијаторите“ до 2029 год...
Почетокот на сезоната во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнуваат со натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на 6-ти септември Сакаме да победиме на домашен терен Натпреварот е многу...
Охрид домаќин на јубилејните 30 Републички спортски игри за пензионери, кои и годинава ги обединуваат спортот, дружењето и позитивната енергија Спортските игри се во организација на Сојузот на здру...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.