Две непознати има на едно коло пред крајот во Бундеслигата. Кој ќе испадне директно, а кој ќе бара спас во баражот за опстанок во лигата.


Баерн со 8-1 го победи Ст Паули и го прати во втората лига. Баварците со оваа победа го осигураа третото место и квалификации во Лигата на Шампиони. Новиот првак Борусија Дортмунд пртрпе пораз од 2-0, додека второпласираниот Баер ремизираше 1-1 со Хамбургер.


Капитенот на Мајнц, Николче Новески со гол ја потврди победата над Шалке од 3-1 и пласманот во Лигата Европа. Покрај Мајнц во Лига Европа ќе игра и Хановер кој со 2-1 беше поразен од Штудгарт.

Кој ќе му прави друштво на Ст.Паули во втората лига? Ајнтрахт (34 бода) е најзагрозен кој никако да излезе од лошата серија. Поразот на домашен терен од Келн со 0-2 е голем удар за нивните надежи.
 

Борусија Менхегладбах (35) се врати во живот по победата над Фрајбург со 2-0, додека Волфсбург (35)  пропушти можност да го реши ова прашање. По поразот од Кајзерслаутерн со 2-1 сламката ќе ја бараат во последната рунда.

Резултати : Баер-Хамбургер 1-1, Ајнтрахт-Келн 0-2, Волфсбург-Кајзерслаутерн 1-2, Борусија Менхенгладбах-Фрајбург 2-0, Нинберг-Хофенхајм 1-2, Санкт Паули-Баерн 1-8, Вердер-Борусија Дортмунд 2-0, Шалке-Мајнц 1-3, Штутгарт-Хановер 2-1.

Ohridnews