Македонскиот репрезентативец Николче Новески ја запечати победата (3-1) за Мајнц на тешкото гостување кај Франкфурт постигнувајќи го третиот погодок.


Шампионот во Бундес лигата, Борусија Дортмунд уште еднаш ги разочара своите фанови откако на домашен терен одигра реми со Дизелдорф.

Со трите бода од гостински терен екипата на македонскиот интернационалец Мајнц стигна до 20-от бод во сезонава што ќе ги искачи на шестата позиција на табелата.

Резултати : Дортмунд – Дизелдорф 1-1, Ајнтрахт Франкфур – Мајнц 1-3, Хамбургер – Шалке 3-1, Хановер – Гројтер 2-0.

Мх.П.