Во последните 24 часа, регистрирани се нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови и 93 оздравени пациенти. Евидентирани се вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“, информира Министерството за здравство информира, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 ре инфекциии.
Од 96 оздравени пациенти од: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 95 активни случаи.
OhridNews
					



							






