Нови 1064 случаи на Ковид-19 од вкупно 3096 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Според информациите што вечерва ги објави Министерството за здравство, починати се 25 пациенти од кои најмладиот има 34 години и е од Куманово.
Од новите случаи и натаму Скопје има најголем број – 541, по што следуваат Куманово и Тетово со 57 нови случаи, Штип со 46, Велес, со 44, Битола со 43, Охрид со 33,, Кавадарци и Кичево со 25 и Струмица и Струга со по 23 нови случаи. Двоцифрена бројка на новозаболени има и во Гевгелија, Радовиш, Кочани, Свети Николе и Неготино.

Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 44898. Бројката на оздравени е 26289, а на починати 1263. Активни се 17346.
OhridNews











