Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи со КОВИД-19 и 99 оздравени пациенти.

Од нив од Скопје се 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1. Во Охрид активни се 30 случаи.

Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.

Од 99 оздравени пациенти од Скопје се 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews