Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 368 пациенти, а починале 21 лице на возраст од 49 до 94 години.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните, во Скопје се 235, во Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по девет, Крива Паланка и Струга – по седум, Радовиш – пет, Кавадарци и Кочани – по четири, Богданци – три, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по два, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по еден.

Од оздравените пациенти 136 се во Скопје, во Гостивар – 49, Куманово и Кичево – по 34, Кавадарци – 20, Штип -18, Прилеп, Кочани и Свети Николе – по 10, Битола и Велес – по осум, Радовиш – седум, Гевгелија и Кратово- по пет, Пробиштип – четири, Македонски Брод – три, Ресен и Делчево – по два, Струмица, Неготино и Демир Хисар – по еден.

Пријавени се 21 починато лице: шест починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по три починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г), две починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Пријавените починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171, од кои 537 во Охрид и 611 во Струга.

OhridNews