200 нови случаи на заболени со грип, се регистриани во послендите 24 часа ширум земјава. Меѓу нив, најпогодена група од вирусот се децата до четири годишна возраст.

Како што предвидуваат епидемолозите, бројката до крајот на неделава се очекува да надмине 4000 лица. За разлика од минатата година во јануари, бројката е дуплирана што укажува на тоа дека вирусот е позаразен од лани.

Но лекарите смируваат, потенцирајќи дека ширењето на грипот е вообичаено за овој дел од годината.

Епидемиолозите апелираат дека граѓаните треба да обрнат внимание на личната хигиена и превентивните мерки, како би се заштитиле од ова вирусно заболување.

OhridNews