Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19, од кои 23 во Охрид.

Најмногу случаи и денеска има во Скопје-420, Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Прилеп-61, Тетово-58, Струга-5, Велес-82, Битола-33, Кавадарци-19, Гостивар-18, Гевгелија-13, Струмица-30, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-8, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-20, Ресен-6, Неготино-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти 8 од Охрид.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 698, а бројот на активни случаи 232.

OhridNews