Во последните 24 часа направени се 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на Ковид 19, од кои 36 во Охрид. Вкупната бројка на дијагностицирани во земјата е 54743, оздравени се 709 пациенти, а починале 24 лица.

Најмногу нови случаи има во Скопје-321, по што следат: Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти, 57 во Охрид.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охри  од почетокот на епидемијата изнесува 1398, а во моментов активни се 590 случаи.

OhridNews