Нови 1093 заразени со коронавирусот од 3084 тестирања во изминатите 24 часа, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од нив 37 се од Охрид. Во денешната статистика на министерството е евидентиран еден смртен случај од Охрид од вчера (39), а денеска во болнички услови почина уште еден пациент од Охрид (60).
Најмногу нови случаи 431, се регистрирани во Скопје, потоа 94 во Гостивар, 60 во Прилеп, 57 во Куманово, 55 во Велес, 44 во Кавадарци, по 41 нов случај имаат Штип и Тетово и 37 Битола, идентично како и во Охрид. Во Струга има 29 новозаразени, 20 во Свети Николе, 19 во Неготино, 18 во Струмица, 15 во Кичево, по 14 имаaт Дебар и Гевгелија, Кочани – 13, Радовиш – 11, Ресен – 10, Крушево – осум, по седум имаат Крива Паланка и Делчево, по тројца Валандово и Виница, по двајца Пробиштип и Македонски Брод и еден нов заразен во Кратово.
Во земјава според официјалната статистика на Министерството за здравство, денеска се регистрирани 28 починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата достигна 1543, а во моментов активни се 615 случаи.
Со поддршка на современи AI алатки за структурирање и продукција на наративната содржина, како и со голема желба и посветеност за зачувување и оживување на културното наследство, Драган Кумев (Kum...
На 05062026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани При акци...
Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението Ова е заклучокот од јавната расправа насловена „Од дива д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.