Нови 1182 случаи позитивни на коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 3109 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 707 оздравени пациенти, како и 25 починати лица. Во Охрид изминатото деноноќие регистрирани се 38 новодијагностицирани и двајца оздравени.

Најмногу нови случаи и натаму има во Скопје-544, по што следат: Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти. Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485. Во Охрид од почетокот на ковид кризата евидентирани се 1362 случаи, а во моментов активни се 612.

OhridNews