Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар-1, Гевгелија-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома, информираат од министерството за здравство. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Меѓу потврдените новозаболени случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои ќе информираме на редовната прес-конфенција.

OhridNews