Во последните 24 часа, во земјава се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи со Ковид 19 од кои 49 во Охрид. Најмногу нови и денеска има во главниот град Скопје-507, по кој следат Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.

Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти, 36 од Охрид и 29 од Струга.
Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1870, а активни се 567. Во Струга во истиот период регистрирани се 1669 случаи, а активни се 453.
OhridNews











