На Клиниката за инфективни болести во Скопје, во текот на изминатото деноноќие, биле хоспитализирани пет нови случаи, со симптоми сомнителни за новиот тип грип.  

Четворица од новопримените пациенти неодамна се вратиле од меѓународно патување (Шпанија, Грција, Германија и Лондон), а еден пациент живее и работи во Швајцарија, соопшти Министерството за здравство.
 
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 13 болни. Здравствената состојба на сите хоспитализирани лица е стабилна и покажува прогресивно подобрување, информираат од министерството.

На Клиниката за инфективни болести досега болнички се лекувани вкупно 58 пациенти, од кои кај 14 беше потврден вирусот на А/Х1Н1.

Ohridnews