Нови 1.320 случаи на КОВИД-19 се регистрирани од направени 4.738 тестирања во последните 24 часа, починале 35 лица, а оздравеле 514 пациенти, информираше вечерва Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 604, по што следат Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Оздравени се 267 пациенти од Скопје од Прилеп – 35, Куманово – 31, Велес – 26, Битола – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Струмица – по 14, Тетово и Кочани – по 13, Валандово – 12, Неготино – 11, Гевгелија – 9, Штип и Ресен – по 8, Демир Капија – 4, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 3, Берово – 2, Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Бројот на активни ковид случаи изнесува 18.243, од кои 707 во Охрид.
OhridNews











