Во последните 24 часа, регистрирани се 82 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.211 тестирања, пријавени се 8 починати лица и 265 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните 82 од Скопје се 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1. Во моментов во Охрид активни се 222 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

OhridNews