Изминатите 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 од кои 33 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје-425, по што следат: Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти 43 од Охрид.
Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711. Во Охрид од почетокот на епидемијата регистрирани се 2072 случаи, а активни се 576.
OhridNews











