Нови амбасадори од редовите на ДУИ, ќе бидат именувани во Швајцарија, Катар, Данска и Франција, а поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на владејачкото мнозинство, Антонио Милошоски, најверојатно ќе биде амбасадор во Хрватска, која од вечерва станува членка на ЕУ.

На амбасадорското место во Женева ќе седне Газменд Илјази, кој во моментов е вработен во Американската амбасада, а високи владини извори потврдиле дека Шабан Јашари ќе биде следниот амбасадор во Катар. Екрем Ебиби ќе го заземе амбасадорското место во Берн, место Назифи Рамазан.

Мехмет Наим треба да го пополни амбасадорското место во Копенхаген, Данска, а сегашниот амбасадор Агрон Буџаку продолжува со  мандат во Париз, Франција.

Макфакс ја пренесува информацијата од Журнал во која се наведува дека поранешниот министер  за надворешни работи и актуелен пратеник, Антонио Милошоски, ќе биде испратен како амбасадор во Загреб, Хрватска.

OhridNews
Makfaks