По налог на Фондот за комунален развој, сообраќај и улици при oпштина Охрид, екипите на ЈП “Градски гробишта“ вчера и денес  поставуваат  бетонски столпчиња на неколку локации во Охрид.

Нови заштитни столпчиња кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста на пешаците во сообраќајот, веќе се поставени на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад, како и на улицата „Македонски Просветители“ во централното градско подрачје.

Како што информираат од општина Охрид, во текот на утрешниот ден екипите на ЈП „Градски гробишта“ бетонски столпчиња ќе поставуваат во крајбрежното село Пештани.

OhridNews