Нови безбедносни системи во борба против организиарниот криминал
10.06.09 07:25
Над сто високи полициски претставници од околу 30-тина земји од светот учествуваат на 16-тата годишна IPES конференција посветена на развојот на полициско работење, што синоќа започна во Охрид.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, на собирот ја истакна добрата соработка на полициите во регионот, која според него сега треба да се продлабочи и на оперативно ниво. За таа цел, посочи Тодовски, формиран е центар за соработка кој треба да придонесе да се зголеми безбедноста на граѓаните.
Љупчо Тодороски
На петдневниот собир во Охрид полициите ќе разменат мислења за своето работење, а еминентни светски професори, полициски комесари, форензичари и доктори по криминологија ќе се осврнат на развивање безбедносни сојузи како одговор на растечкиот криминал.
IPES е основан во 1994 година од страна на Д-р Дилип Дас. Целта на оваа непрофитна образовна корпорација е поддршка на полициските образовни иницијативи и давање професионални услуги за полициските служби во светот.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.