Охридскиот композитор Гоце Гавриловски, ја освои првата награда во категоријата на композиции за детски хор, на првиот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на музички дела од областа на класичната музика, распишан од Министерството за култура.

Исто така, Комисијата задолжена за избор на композиции – солистички композиции за мелодиски инструмент, му додели втора награда на охридскиот композтор.

Вториот конкурсен рок за нарачка на поголемите вокално-инструментални форми, концерт, ораториум, опера и други дела за 2014 година завршува на 15 ноември, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15 декември.

OhridNews