Искусните боксери Бојан Ристески и Димитар Јованоски ја збогатија ризницата на трофеи на боксерскиот клуб Алексо Огненовски со златни одличја од турнирот кој се одржа во Велес.
Ристески и Јованоски без посериозни проблеми ги совлада ривалите и ја потврдија добрата форма, додека младите Христијан Тодороски и Даниел Вретоски го платија данокот на неискуството.
Новитет на турнирот во Велес беа воведните борби на најмладите членови од охридскиот клуб со своите врсници од Пинк Пантер-Штип.
OhridNews