Променливата форма и „топло ладно“ резултатите на „црвените ѓаволи“ не се единствени грижи за менаџерот Оле гунар Солскјер. Норвешкиот стручњак се соочи со голем проблем, откако поради повреда два месеци надвор од теренот ќе биде Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец се повреди на дуелот со Вулверхемптон во ФА Купот, а го пропушти дербито со Ливерпул во Премиер лигата кое Манчестер Јунајтед го изгуби 2-0.

Рашфорд претрпе удар во текот на мечот со Вулверхемптон кој ја влоши ситуацијата. Претходно имаше болки во грбот, а сега болки има и во коленото. Ќе му оставиме доволно простор да се опорави и да се врати максимално подготвен. Го очекуваме назад за неколку недели. – изјави Солскјер.

Рашфорд со 14 погодоци е водечки стрелец на Олд Трафорд, а го зазема 5-то место во вкупниот поредок во Премиер лигата.

OhridNews