Старите канти за комунален отпад во стариот дел од градот се заменети со нови.
На фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот се поставени нови садови за отпад со капацитет од 240 литри и тоа на потегот од црквата „Св.Никола Геракомија“ до Горна Порта по улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“.













