Деновиве, екипите на ЈП „Охридски Комуналец„ поставија корпи за ситен отпад по новото шеталиште во село Пештани, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото, се заменија со нови, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму велат дека во село во текот на туристичката сезона, поставени се дежурни комунални работници кои ја одржуват хигиената на јавно-прометните површини и плажата.

OhridNews