Во рамки на одбележување на патрониот празник, 7-ми Ноември, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ја претстави новата опрема. Оваа година снегот од тротоарите на охридските улици ќе се чисти со специјална машина, а претпријатието набави и нови јапонери.


Во рамки на одбележувањето на патрониот празник беше претставено  новото хортикултурно решение на кружниот тек на ул.”Момчило Јорданоски” каде се засадени околу 100 садници декоративни дрва и грмушки.


Исто така „Комуналец“ во соработка со Општина Охрид во градинката “Росица” донираше детски реквизити, а наскоро ќе изврши и хортикултурно уредување на паркот од градинката.


Во рамки на свеченоста на 16 вработени им беа врачени пригодни награди за 10, 20 и 25 години непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”.


Јавното комунално претпријатие го одбележа патрониот празник

OhridNews